Николоски обвинува: Државата со власта на Заев тоне во неспособност, корупција и поделби

Државата со власта на Заев тоне во неспособност, криминал, корупција и поделби и тоа не е констатација само на ВМРО-ДПМНЕ туку и на релевантни меѓународни организации, обвини на денешната прес-конференција потпретседателот на опозициската партија, Александар Николоски.

„Угледниот тинк-тенк од САД – Фондацијата Херитиџ во својот годишен извештај за 2021 година за рангирање на земјите во светот според нивото на економски слободи и права ја рангира Македонија на 46-тото место со 68,6 поени, што е пад од 5 места во споредба со минатата година кога Македонија била рангирана на 41 место. За четири години власт на неспособниот и корумпиран систем на Заев, Македонија паѓа за 15 места на листата на Фондацијата Херитиџ за економски слободи и од 31 место во 2017-тата година сега Македонија се наоѓа на 46-тото место“, подвлече Николоски.

Според него, ова е уште еден меѓународен извештај во кој што се кажува дека Македонија не само што не оди напред, туку тоне.

„Има пад и во делот на судството и интегритетот на владата, како и во делот на слободата на работниците и бизнисот, но и слободната трговија“, рече тој.

Николоски додаде и дека во делот на економското функционирање во извештајот било истакнато дека отворањето нова фирма сега чини многу повеќе отколку пред четири години, потребно е повеќе време и има многу поголеми бирократски процедури.

Во однос на претстојните локални избори, тој порача дека глас за помала политичка партија од опозицијата која што нема да е дел од големата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ всушност било глас за продолжување на власта на Заев.

На прашањето околу новите личните карти, Николовски изјави дека „по промената на власта која ќе дојде по локалните избори ќе има одговорност за неиздавањето на лични карти“

„После промената на власта во Македонија, која ќе се случи после претстојните локални избори, ќе следи одговорност, како за аферата со ‘пасошите‘, така и  за тоа што околу 40.000 македонски државјани кои во последниве месеци се сликале за лични карти, а истите не можеа да ги подигнат, при што истите беа соочени, меѓу другото, со неможност од банките да ги подигнат своите плати и пензии.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе