„Според мене ВМРО-ДПМНЕ во моментов со сета почит кон сите претходни парламентарни состави го има најсилниот парламентарен состав, а тоа се гледа во Собранието, со квалитетот на луѓето кои ги имаме. Секако секој е стручен во својата област. Ова се пратеници избрани од народот, пратеници кои што ги бираше членството на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутно сум убеден дека ќе останат до крај лојални на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Николоски и додаде дека мечката овој пат заигра во дворот на Зоран Заев.
На оваа негова изјава синоќа веднаш реагираше СДСМ; „Губитникот Мицкоски сонува парламентарно мнозинство, уште еден негов блеф за да ја задржи фотелјата во белиот дворец. Бројот на пратеници во Собранието кои го следат исправниот пат по кој води парламентарното мнозинство предводено од СДСМ може само да се зголемува. Александар Николовски е еден од малкумината кој верно го следи главниот фабрикант на лажни вести, докажаниот губитник Мицкоски. Откако не му успеа преку лицемерни протести да го мобилизира сопственото членство, сега во очај смислува конструкции со цел да си ја задржи фотелјата во белиот дворец, за да продолжи да ги исполнува нарачките на неговиот ментор Никола Груевски“, реагираше СДСМ.