ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Иницијативата за доверба на Владата со 61 потпис е поднесена во Собранието

Поднесена е иницијативата со 61 потпис за гласање за доверба на Владата. Очекуваме претседателот на Собранието да свика собраниска седница на која ќе биде изгласана недоверба на Владата. Потоа почнуваат преговорите за состав на нова политичка влада, изјави попладнево Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.  

Николоски рече дека во тек се интензивни развговори со уште неколку пратеници и очекува до четврток ова мнозинство од 61 пратеник да биде зголемено за уште неколку пратеници.

Во однос на изјавата на Скендер Реџепи, Николоски рече дека високо го ценат него како чесен и добар политичар и нагласи дека ставот на  тој пратеник на Алтернатива е јасен дека тој гласа за недоверба на Владата и дека нема да ја поддржи оваа Влада на Зоран Заев.

„Друго е прашањето кое следува за состав на нова влада. Тое е веќе наредниот чекор кога ќе почнат преговорите за состав на новата политичка влада. Ако политичките партии успеат да состават и да се договорат, тогаш ќе имаме нова влада, ако не се успее во тие преговори тогаш неминовно ќе се оди на брзи предвремени парламентарни избори. Осум дена ја чекаме оставката на Зоран Заев. Доста е“, рече Николоски.

Тој прочита и дел од образложението кое е доставено заедно со иницијативата за гласање за состав на нова влада. Во образложението пишува дека Владата на СДСМ и ДУИ во последните пет години не донесе значајни резултати, освен сиромаштија, инфлација, криминал и корупција. „Локалните избори беа референдумско изјаснување на народот против Владата на Зоран Заев и неговите политики. Народот заслужува напредок и подобар живот. Време е поделбите и конфликтите да престанат. Време е за промени. Оваа Влада владее со конфликти и не одалаечува од ЕУ со една цел – одбрана на криминалот. На иницијативата се потпишани 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија, на коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беса и Левица“, рече Николоски.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе