Николоски: Договорот со Бугарија е основата на сите проблеми на Македонија, со референдумот бараме негово поништување

Уценувањето од страна на Бугарија траеше со години за да заврши во една капитулација прифатена од владата на СДСМ и ДУИ низ последниот предлог кој беше прифатен кој популарно беше наречен француски предлог, но во суштина ако го читате тој во суштина е бугарски предлог. Дава легитимитет на сите бугарски барања и тие ги става како услов за напредокот на Македонија во ЕУ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Што не е јасно" на Алфа телевизија.

Николоски истакна дека клучниот проблем во прифаќањето на таков договор е што владата на СДСМ и ДУИ го прифати овој предлог врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија и затоа со референдумското прашање се бара понишување на овој договор односно на Законот за ратификација на догворот.

„Овој договор во 2017 го потпишаа Зоран Заев и Бојко Борисов, и тој договор е основата на сите проблеми на Македонија. Затоа што е ратификуван во парламентите на двете држави како меѓународен, а Бугарија има право да ја менува суштината на постоењето на македонскиот народ и македонската држава, односно да удри во темелот на македонската држава. Ако Македонија не ги исполни условите за Цар Самоул, Свети Кирил и Методиј, кои се Свети Климент и Наум, кои сме и што сме ние Македонија нема да влезе во ЕУ и таков договор прифати владата на СДСМ и ДУИ,“ рече Николоски.

Тој посочи дека Бугарија тврди дека само случајно на западна граница граничи со Македонија, а во суштина граничеле со самата себе затоа што на западната граница од другата страна според нив живеат одродени Бугари кои зборуваат дијалект на бугарскиот јазик и сметаат дека Бугарија треба да граничи со Бугарија.

Николоски истакна дека според Бугарија ова е доброволно прифатен договор и го ставија во преговарачката рамка.

„Затоа ние сега одиме на суштината а тоа е Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија. Затоа го напаѓаме договорот кој е извор на сите проблеми. Ова е причината, а се други се последиците. Овој договор предвидува многу полоши работи од влегување на Бугарите во уставот, и затоа мора да го решиме почетокот на сите проблеми. Затоа треба да се гласа за поништување на овој договор,“ потенцираше Николоски.

Николоски нагласи дека прашањето е многу јасно и се однесува на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, ако тој закон престане да важи, ќе престане да важи и договорот.

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе