Пратенички прашања

Николоски: Дали ќе ги сопрете насилниците кои се еден вид платена војска на бегалецот од правдата

На денешната собраниска седница потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во пратенички прашања до Владата го праша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, дали тој знае и чул за насилници кои хараат низ градот и тепаат луѓе и дали министерот ќе направи нешто за да ги сопре овие бандити кои според некои информации се знае дека се некој вид на платена војска на бегалецот од правдата, односно Сашо Мијалков.

Едно прашање за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, дали тој знае дека во градот Скопје хара една банда и колку што знам, рече Николоски до сега има претепано четири луѓе, од кој еден е новинар.

„Сите тие имаат една заедничка точка а тоа е што не се во добри односи со бегалецот од правдата. Дали ќе се охрабри Министерството за внатрешни работи да ги открие овие луѓе, и да одговараат за претепувањето на тие четири лица. Дали овие бандити ќе бидат сопрени затоа што тие претставуваат еден вид на платена војска на бегалецот. Еве и да помогнам малце, сите знаат цело Скопје знае дека тие насилници се од Автокоманда“, рече Николоски.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе