Николоски: Бугарија не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со ОМО Илинден Пирин

Една од државите која што најмалку ги спроведува одлуките на Европскиот суд за човекови права е нашиот сосед Бугарија, која што не сака да ги спроведе одлуките поврзани пред се со регистрирањето на организацијата ОМО Илинден Пирин. Јасно посочив дека Бугарија мора да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права како и одлуките на парламентарното Собрание на Советот на Европа и на Комитетот на министри на Советот на Европа со цел човековите права да бидат соодветно испочитувани, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој во Париз учествува на работата на Комисијата за правни прашања и човекови права на Советот на Европа. Една од основните точки за кои што се разговара е спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

„Граѓаните на Македонија не смеат да бидат заложници на корупцијата и на неуспехот на Зоран Заев. Тоа треба да го решат надлежните институции, но Македонија мора да почне преговори затоа што Македонија го заслужува тоа, а пред се граѓаните на Македонија. Корупцијата и економските неуспеси ќе бидат решавани од следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а европската перспектива ќе биде отворена за граѓаните на Македонија“, нагласи Николоски.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе