На „бомбите“ им нема крај

Нова снимка на Николоски и Јанакиески

Нова аудиоснимка се појави на Јутјуб и во неа се слуша разговор меѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, сега носител на листа во Изборна единица 4. Јанакиески и Николоски зборуваат за градежен простор во Охрид.

„Шефе, има некој план за Охрид, … Гранит кај што ви се зградите, во продолжение на Гранит зградите“, му вели Јанакиески на Николоски на што овој му возвраќа: „Оооо никако тоа. Тие се на Нефи, овој бандитов, Албанецот. Згради се тие така?“. Јанакиески потврдува: „Четири згради се, да“. Николоски додава: „Да, да, од Нефи се тие. Тоа му е дел од договорот, ова, за изборите. По 8- 9 спрата се“. Јанакиески продолжува: „Не, 5 плус 5 се“, а соговорникот вели: „Е така, по 6 спрата. Никако молим те“. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе