Никола Димитров на 15 и 16 март на конференција во Атина

Министерот за надворешни работи Никола Димотров в петок и сабота, на 15 и 16 март, ќе учествува на Меѓународна научна конференција организирана од атинскиот Универзитет Пиреас, по повод 20-годишнината од постоењето на катедрата за меѓународни и европски студии и во чест на почесниот професор и поранешен шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас.

Дводневната конференција на тема „Грчката активна надворешна политика во 21 век”, како што јавува МИА од Атина, ќе се одржи во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи на Грција, а ќе има пет тематски дискусии, од кои последната е посветена на регионот.

За Балканот и Југоисточна Европа во сабота напладне ќе дискутираат министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров и поранешните шефови на албанската и бугарската дипломатија, Дитмир Бушати и Даниел Митов.

По панелот за „Промените на Балканот“, ќе му биде доделена награда на поранешниот министер за надворешни работи на Грција, по што ќе следи и обраќање на Никос Коѕијас, со што ќе заврши конференцијата.

За време на посетата на грчката престолнина, Димитров ќе има и неколку билатерални средби.

Поканата до Димитров да учествува на конференцијата, ја откри, уште на крајот од минатата година поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервјуто за МИА.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе