Никој не нѐ сопре да го формираме здружението „Цар Борис Трети“, вели неговиот претседател

Томе Блажевски, претседател на Здружението „Цар Борис Трети“, денеска на отворањето на истоимениот клуб на здружението изјави дека регистрацијата е направена со сите потребни документи и дека „сѐ било нормално и никој не ги стопирал или забранил“. Вели дека нивната намера не е да провоцираат, а името го избрале затоа што се почитувачи на царот на Бугарија..

Фото: Роберт Атанасовски

„Ние само го избравме ликот на Цар Борис III како еден бугарски цар. Ние ниту сме помислиле да направиме некоја провокација, ниту ништо“, изјави Блажевски.

За денешниот протест против отворањето на клубот во Охрид, Блажевски вели дека, тоа е граѓанско право на тие што протестираат.

„Не провоцираме. Ние си живееме во Охрид, во Македонија. Не сме имале проблем со луѓето. Велам, сѐ се исполитизира и тоа е“, изјави Блажевски.

Блажевски, нагласи дека од отворањето на здружението пред една година се било нормално и никој не ги стопирал или забранил.

„Последнава година почна да се политизира целата работа и се крена глас против нас. Ние се оградивме дека немаме никаква соработка или некои неонацистички или фашистички движења. Доколку имаме нас нека не судат. Меѓутоа, ние таква работа не сме направиле“, рече тој и нагласува дека ги запазиле сите закони и дека ја почитуваат оваа држава.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе