По приведувањето на скопскиот аеродром

Никој не му се извинил на владиката Петар, домашни и странски инспектори му ги проверуваат сметките

Се проверуваат некои договори за денационализација, сметки, располагање со обврзници, а контролата оди во координација со надлежни институции на меѓународно ниво, дознава МКД.мк за привременото приведување на владиката Петар на 11 април на скопскиот аеродром.

Инспектори на финансиската полиција во средата му предале покана на владиката Петар за обавување на службен разговор. Владиката бил приморан да го одложи патувањето во странство и истиот ден бил сослушан во просториите на Финансиската полиција.  

Финансиската полиција пред две недели добила пријава за сомневања во финансиското работење на епархијата на владиката. Пред приведувањето на владиката Петар на скопскиот аеродром, инспектори на Финансиската полиција биле во Битола во канцелариите на Преспанско-пелагониската епархија каде биле побарани одредени документи. Со одговорните лица на епархијата инспекторите се договориле документите да ги добијат преку Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

Како што дознава МКД.мк се работи за сомневања за финансиското работење на Преспанско-пелагониската епархија, за некои договори за денационализација, се проверуваат некои сметки, начини на располагање со обврзници, а во истрагата се замешани и некои недлежни меѓународни институции.

За работата на владиката Петар во Австралија неколку здруженија на Македонците во таа земја со години водат судски спор на кој ќе сведочат за сериозни сомневања за проневери со пари на верниците, за некои „дебели“ сметки на владиката во некои други земји и за негови пасоши со друг идентитет со кои исто така слободно патувал по светот.

По приведувањето на скопскиот аеродром владиката Петар изјави дека се работело за грешка и дека надлежната институција му се извинила, а тој за овој случај ангажирал и адвокат.

 

А.Д.   

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе