Никој не кажува што е новото за што се разгoвара меѓу Скопје и Софија

Земјите членки на Европската Унија главно го поддржувааат предлогот што неодамна го поднесе португалското претседателство за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија, јавува МИА повикувајќи се на високи дипломатски извори. Бугарските медиуми јавуваат за некои нови моменти во преговорите меѓу премиероте Зоран Заев и Стефан Јанев, но засега нема официјална информација за содржината на португалскиот или некој друг предлог за кој се разговара меѓу Софија и Скопје.

„Нема и нема да има преговори за македонскиот јазик во преговорите со Софија и тоа го знаат сите вклучени во процесот“, е одговорот на македонската Влада откако викендов бугарски медими објавија дека премиерот Заев Заев при посетата во Софија на техничкиот премиер Стефан Јанев му понудил опција за јазичниот спор „дека Бугарите и Македонците истовремено говорат на ист јазик, но и на различни, кои меѓународни се признати како посебни“.

Од кабиентот на Заев по посетата на Софија велат дека има позитивен исчекор и дека протугалскиот предлог е добра основа за конечно решение кое ќе ги задоволи двете страни.

„Владата е убедена дека решението е можно, а за да се обезбеди истото се вложуваат безрезервни напори бидејќи граѓаните очекуваат и бараат европска иднина за нашата земја. Истовремено, јасни се македонските позиции за идентитетските линии, а тоа е дека нема и нема да има преговори за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик и тоа го знаат и го разбираат сите вклучени во процесот. Јасно и категорично ги отфрламе како неточни и штетни информациите објавени во дел од медиумите во кои се спомнуваат некакви формулации за решенија. Таквите дезинформации имаат намера да му наштетат на процесот“, одговараат од Владата за содржината на предлогот.

Но, нема официјална информација за содржината на португалскиот или каков било нов предлог за кој се разгоовара. Бугарскиот премиер Јанев изјави дека ќе ги разгледа новите идеи на македонската страна.

Од опозициската македонска партија ВМРО-ДПМНЕ бараат да се објави за што се разговара и додаваат дека никој од македонска страна не се огради од информацијата објавена во бугарските медиуми за тоа дека говориме ист јазик, кои се меѓународно признати како посебни.

„Зоран Заев јавно да каже што точно предложил како решение пред бугарската страна? Укажуваме дека доколку Заев прифати вакво решение или формулација како што пишува во бугарските медиуми, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати и ќе го напушти договорот“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека опозицијата манипулира и дека власта транспарентно го води процесот.

„Од ВМРО-ДПМНЕ лажат и дека институциите молчат. Владата предводена од СДСМ соопшти дека за време на вчерашните средби е направен позитивен исчекор, се унапреди меѓусебната доверба и дијалог и истовремено ги демантираше написите на одредени медиуми за наводно прифатени формулации за постигнати решенија“, соопштија од СДСМ.

Високи дипломатски извори потврдија за МИА дека меѓу земјите членки на Европската Унија има „огромна“ поддршка за предлогот што го поднесе португалското претседателство неодамна за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија. За неколку дена министрите за европски работи на 27-те земји членки на ЕУ ќе се состанат во Луксембург каде ќе дебатираат за преговарачките рамки и одржувањето на првите меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија. Повеќето земји членки на ЕУ исто така оценуваат дека Тирана и Скопје не треба да бидат одвоени.

„Португалскиот предлог има за цел да го отвори патот за изнаоѓање прифатливо решение кое ќе ги земе предвид преокупациите на земјата членка и на земјата кандидат, но се разбира дека е суштински да се земат предвид преокупациите и на сите други земји во Советот, одлуката се носи едногласно“, објасни за МИА висок ЕУ дипломат инволвиран во процесот.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе