Локални избори

Ние ја немаме полицијата на Спасовски, ни обвинителството на Русковска, но го имаме народот, порача Мицкоски

Сте сретнале ли некој кој последниве неколку месеци, а да не е Вице, малите Зоранчиња градоначалничиња, Љупчо Путерот и блиските до нив главоклимачи. Значи освен овие кои се со џебови полни државни пари, некој добро да збори за оваа власт. Нема таков. Нема човек кој добро збори за нив. Од друга страна за ова е свесна и власта па затоа овие денови се свртеа на поткуп. На масовен поткуп и тоа е последица на единственото сознание дека ќе ги загубат изборите дебело, рече Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Пехчево.

Тој додаде „поткупот кој го прават, а при што се нудат стотици евра за еден единствен глас, тоа што во Битола во игра се црни вреќи, во Велес се лицитира со бројки денес видовме слично е и во Прилеп, тоа што Заев ќе делел државна помош на одбрани фирми од буџетот на народот, тоа се потези на очајник кој се дави во сопствената кал".

„Ние во наши раце ја немаме полицијата на Спасовски, ниту обвинителството на Русковска, но затоа на наша страна го имаме народот, а поткупот ако е болеста на оваа криминална власт, лекот е масовен одзив во Недела. Уште во раните утрински часови да се излезе масовно, без запирање и да се даде поддршка на промените кои мора да се случат за да падне оваа власт“, рече Мицкоски.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе