Преспа форум за дијалог

Ние не влегуваме во никакви замки поврзани со македонскиот јазик или македонскиот идентитет, вели Маричиќ

Ние не влегуваме во никакви замки поврзани со македонскиот јазик или македонскиот идентитет, тоа го повторив повеќе пати, го кажаа и министерот за надворешни работи, Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров. Од она јас што го имам видено идејата на унилатералните изјави за некои прашања вклучувајќи го и јазикот, е токму тоа да се укаже дека имаме различни ставови по одредени прашања, па и тоа за јазикот. 

Ова го изјави министерот за правда Бојан Маричиќ за медиумите на прес-конференција на Преспа форумот запрашан дали нашата земја влегува во замка во однос на португалскиот предлог и унилатералната изјава во која државава би кажала дека македонски јазик е кодифициран во 1945 година без да спомене дека постоел порано, со што се потврдува позицијата на Бугарија во нејзината унилатерална изјава дека јазикот непостоел пред 1945 година.

„Ние од нашата позиција не можеме да отстапиме, за нас е многу важно во рамките на законодавството на ЕУ и во преговарачката рамка да остане формулацијата дека правото на ЕУ се преведува на македонски јазик и во контекст на тоа немаме проблем доколку дадеме унилатерална изјава во која ќе се изнесат факти, но исто така со тоа не признаваме и не знам која е точната формулација, до крај, меѓутоа во никој случај немаме право ниту можност да признаеме дека македонскиот јазик постои од 1945 година. Сигурно дека постои претходно, а е кодификуван 45-та и тоа е прашање на факт“, рече Маричиќ.

Тој повтори дека македонската страна јасно и недвосмислено кажала и во тие изјави и во други дека нашиот јазик постои, и е кодификуван 45-та, што е, вели, факт, а декларација што е посочена, нагласува, никаде ниту е усвоена, таа беше само предмет на разговори.

„Во моментот кога ќе дојде до усвојување на некаква декларација ќе можеме поконкретно да дискутираме. Но, треба да ги имаме предвид овие работи и со внимание да постапуваме, мислам дека нашата делегација внимателно ги разгледува сите прашања и во никој случај нема да дозволи да има каква било одлука или каква било декларација на штета на нашите интереси и на македонскиот јазик“, истакна министерот за правда Маричиќ.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе