Независните пратеници со порака: „Христијан Мицкоски, заминувај веднаш“

Христијан Мицкоски ѝ донесе пораз на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е потврда дека на партијата ѝ се неопходни реформи и темелна чистка, со цел нејзина демократизација, оценува  Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение до јавноста.

„Ова е уште еден доказ дека Мицкоски е казнет и од нашето членство кое не дозволува ВМРО-ДПМНЕ да биде претворена во партија налик на грчката Златна Зора. На членството му благодариме за стабилната поддршка која ја покажа, за разлика од Христијан кој донесе само негатива, покажувајќи дека не умее да го искористи кадровсиот потенцијал на нашата партија и избра да оди со кандидати како министерката на Бранко-Гога и Сафет Бишевац. Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ кој го донесе Мицкоски е последица на распарчувањето на партијата кое тој го донесе, исклучувајќи ги сите кои мислат различно од него и неколкумината негови потрчковци. Наместо како лидер, да обединува за силна победа, тој ширеше омраза, лаги и го ситнеше отпорот против владејачката гарнитура. Тој остана настрана и од помирувањето кое е толку потребно во нашето општество“, се вели во соопштението.

Независните пратеници сметаат дека е срамно немањето доблест за признавање на дебаклот кој тие најавиле дека ќе ѝ се случи на партијата, а со оглед на деструктивните политики водени од Мицкоски.

„Залудни се оправдуваањата дека ВМРО-ДПМНЕ ја победила СДСМ и обидите за манипулација на чесното членство. Наместо тоа, Мицкоски, веднаш, без размислување, треба да поднесе оставка за катастрофалниот резултат кој ѝ го донесе на партијата. Со него, треба да ги понесе и неговите ‘лева‘ и ‘десна‘ рака, како и сите нивни придружници кои изминативе години во континуитет ја носеа партијата во пропаст, наместо да се залагаат за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО. 

Самонаречениот лидер Мицкоски, кој во изборите се претстави како ‘даскал‘, ги изгуби овие избори со 40.000 гласови помалку во споредба со претседателските избори. Доколку се направи споредба со парламентарните избори во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ поради нечесните политики кои ги водеше Мицкоски има 150.000 гласови помалку. Тој самиот кажа дека доколку ги изгуби изборите или не состави Влада, ќе си поднесе оставка. Редно е барем еднаш да го одржи зборот и да замине засекогаш од ВМРО-ДПМНЕ. Доста беше лажен патриотизам и сквернавење на партијата. Доста беа погрешни политики и урнисување на името ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението. 

Независните пратеници велат дека во партијата има чесни поддржувачи, членови, активисти и му порачуваат на Мицкоски: „Ти не си ВМРО-ДПМНЕ, ти си уништувач на идејата за модерно, центар десно ВМРО. Затоа, Христијан Мицкоски, заминувај веднаш“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе