Додека Полициската станица во Танушевци е без струја

Независниот полициски синдикат обвини дека МВР набавило 600 ремени за 300.000 евра

Осум дена полициската станица за обезбедување на границата во Танушевски е без струја, а два дена без вода, алармира денес Независниот полициски синдикат. Престедателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев – Тодев, јавно праша дали истите луѓе во Министерството за внатрешни работи, кои набавуваат 600 ремени за 300.000 евра, ќе се погрижат и за соодветни набавки на струја и вода за станицата во Танушевци.

„Осум дена, повторувам, осум дена, Полициската станица Танушевци е без струја, два дена без вода. Дали ова ќе биде основа за тие што се грижат за набавки и набавуваат нешто што не знаеме каде ќе заврши, ќе имаат доблест да го набават и ова што јавно го кажувам. Не може Полициската станица Танушевци да има невиден проблем со струјата, со што и ЕВН е запознаена, да има проблем со набавка и дотур на вода, а надлежните во Министерството за внатрешни работи да останат без коментари", реагира претседателот Делчев – Тодев.

Независниот синдикат на полицијата нема свои претставници во комисијата за јавни набавки во МВР, па Делчев – Тодев вели дека не знаат за кого се наменети скапите ремени.

„Што би кажал, освен јавно да го прашам министерот за внатрешни работи дали овие ремени ќе бидат планирани за 600 вработени во полицијата, кои се пензионери и кои три години едноподруго продолжуваат да работат, ќе бидат за 300, 400 или 600 началници во полицијата како раководни лица во рамките на полицијата, ќе бидат ремени наменети за некоја нова генерација на полицијата. Не знам која е намената на набавката на овие 600 ремени по оваа висока цена", рече претседателот Делчев – Тодев.

Во име на Независниот полициски синдикат тој го праша министерот за внатрешни работи и како се случило во периодот додека траеше полицискиот час да се определат комисии за водење дисциплински постапки во рамките на Министерството со само еден потпис, дали се валидни и дали се во согласност со регулативата.

Претседателот Делчев – Тодев рече дека досега, поради полицискиот час и состојбата предизвикана од коронавирусот, имале толеранција и не ги изнесувале јавно проблемите во полицијата, но со олабавување на мерките најави дека ќе продолжат јавно да бараат одговори на прашања поврзани со полицијата.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе