Независни Грци на Каменос бара УНЕСКО да го заштити името на грчка Македонија

Партијата на Панос Каменос, Независни Грци, која до неодамна беше коалициски партнер во владата на Алексис Ципрас, соопшти дека по потпишувањето на Договорот од Преспа на кој што силно се противеше, го презела „првиот чекор кон правда“.

Во соопштението, како што пренесува грчки „Етнос“, партијата вели дека вчера испратила барање до УНЕСКО да го заштити нематеријалното културно наследство на Македонците, кое што го вклучува, како што се вели, и „името на нашата Македонија“.

„Бараме заштита на ексклузивното право за употреба на термините Македонија, Македонци и на македонската култура, која што започнала пред 2.500 години и продолжува до денес. Бараме наследството на Македонците да биде ставено на листата на УНЕСКО на нематеријално културно наследство на човештвото“, напишале од Независни Грци во барањето до УНЕСКО.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе