Според соопштението од Германската амбаса

Неверојатен интерес за германска виза - 50 илјади прегледи на објавата за неколку часа

Веб-страницата на која може да се аплицира за работна виза во Германија и важи за државјани од Западен Балкан за неколку часа имала над 50.000 прегледи, објави денеска германската Амбасада во Скопје на својот Фејсбук профил. На 1 септември во Германија стапи на сила последователна регулатива на таканаречената Регулатива за Западен Балкан. Германската амбасадорка Анке Холштајн во објавата вели дека Берлин за Западен Балкан може да додели 25.000 визи годишно, а за македонски граѓани 4.750 визи.

„Сојузната влада овозможи за државјани од Северна Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд. Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација. Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи. Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање. Но, бидејќи истовремено интересот за оваа програма е огромен (нашата објава од понеделникот само за неколку часа имаше над 50.000 прегледи), се разбира дека знаеме дека само еден дел од заинтересираните може да добие прилика. Сегашниот систем на доделување на термини, кој впрочем се користи во сите 6 земји од регионот, треба да и овозможи на Амбасадата, ограничената понуда на термини за поднесување на барања по можност да ја реализира широко распространето“, напиша германската амбасадорка Анке Холштајн во објавата на Фејсбук профилот на германската Амбасада во Скопје.

„Затоа Ве молам за Вашето разбирање и Ви ветувам истовремено, дека постојано работиме на подобрување на доделувањето на термините, за истото да биде потранспарентно за Вас“, додаде Холштајн

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе