Неусогласеност во Брисел пред објавувањето на пакетот за проширување на ЕУ

Во кабинетот на Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан сериозно се разгледува можноста да се одложи објавувањето на пакетот за проширување на ЕУ, јавува балканскиот сервис на Радио слободна Европа повикувајќи се на извори во Европската комисија. Некои земји членки на ЕУ, не се подготвени да расправаат за проширувањето на состанокот во јуни, јави РСЕ.

„Јуропиан вестерм Балканс“ (European Western Balkans), пак, јавува дека и покрај ваквите информации, извесно е дека усвојувањето и објавувањето на извештајот ќе биде извршено на 29 мај, како што беше планирано.

Според нив, кабинетот на комесарот Јоханес Хан потврдил дека извештаите ќе бидат објавени идната среда, како што беше планирано. Со оглед на кусиот период меѓу 29 мај и 18 јуни, кога ќе се одржи министерскиот состанок, земјите членки не биле во состојба да се обврзат дека ќе можат да се изјаснат околу прашањето за можно отворање на пристапните договори со Северна Македонија и со Албанија, поради што се појавиле и информациите за можно одложување на извештаите.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе