На Твитер

Нетанјаху се заблагодари за поддршката на Израел, на списокот е и Македонија

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преку Твитер им се заблагодари на земјите што го поддржаа Израел во последните судири со Палестинците, меѓу кои има и три земји од Западен Балкан.

Фото: ЕПА

„Ви благодарам што цврсто стоите со Израел и го поддржувате нашето право да се браниме од терористички напади“, напиша Нетанјаху на својот официјален профил на Твитер.

Тој ги објави знамињата на земјите за кои вели дека ги поддржуваат израелските напади врз појасот Газа и на Западниот брег, а меѓу 25-те земји, на второ место, веднаш зад знамето на САД, е знамето на Албанија, петто е знамето на Босна и Херцеговина, а 19-то е знамето на Македонија.

Објавата на Нетанјаху предизвика многу реакции, најмногу од индиските корисници, кои му замерија на израелскиот премиер што не ја споменал нивната земја меѓу оние што ги поддржуваат израелските операции.

Реагирајќи на пораката на Нетанјаху, бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Сефик Џаферовиќ, рече дека Босна и Херцеговина не ја поддржува израелската воена акција во појасот Газа.

„Мојата порака до премиерот (Бенјамин) Нетанјаху е дека БиХ не поддржува и не може да поддржува убиства на невини цивили во Газа од страна на израелските воени сили“, рече Џаферовиќ.

Босна и Херцеговина нема официјален став за израелско-палестинските конфликти, вели Н1.

Бошњачките политичари ги осудија нападите врз Палестинците, додека претставниците на Република Српска го поддржуваат официјален Тел Авив.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе