ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Спасовски за „Јавна соба„ загрози млади животи

Неспособноста на Спасовски да се справи со Телеграм групата „Јавна соба" загрози млади животи и создава жртви, реагираат од ВМРО-ДПМЕН за случајот „Јавна соба“. Од таму додаваат дека Оливер Спасовски е неспособен министер кој ја загрозува безбедноста на граѓаните и одбива да постапува по барањата на граѓаните.

„Случајот со „Јавна соба“ што се појави минатата година беше решен за само два дена и групата беше затворена под водство на МВР на техничкиот министер Наќе Чулев, заштитувајќи ги сите жртви. Сега Оливер Спасовски според тврдењата на граѓаните и жртвите, одбива да им помогне на граѓаните. Неколку дена граѓаните пријавувале лична злоупотреба во МВР, а МВР ги одбивале и не постапуваат. Срамно е и безобразно да нема никаква грижа и обврска кон граѓаните од кои зема плата. Неспособноста на Оливер Спасовски е опасност за граѓаните на Република Македонија“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе