Неповредливоста на домот мора да се почитува, но има механизми за проверка, вели Спасовски

Уставните начела и закони ќе се почитуваат и тоа начело за неповредливост на станот или на домот е начело што нема алтернатива и мора да биде почитувано, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање како полицијата ќе ја спроведува мерката за контрола на домовите и дали ќе ѝ треба на полицијата налог од Суд.

На прашањето дали има механизми за проверки и контроли, Спасовски потврди дека има и додаде дека и сега има такви потреби и врз основа на тоа се прават такви контроли. Тој повика да се почека Владата да ги донесе одлуките и потоа да се одговори на сите дилеми што постојат кај граѓаните

„Не би сакал да разговараме за обликот на тие мерки и што треба да опфатат сега кога не се усвоени на Влада. Ќе ги слушнеме мерките и аргументите на здравствените власти за секоја од мерките и тогаш ќе се донесе одлуката на Владата. Граѓаните треба да знаат дека постапувањето на полицијата ќе биде исклучиво во заштита на уставните начела и на законските норми“, рече Спасовски, кој денеска учествуваше во хуманитарната акција „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи“, што ја почна Општина Гази Баба.

Тој уште еднаш повтори дека неповредливоста на домот е уставна категорија и тоа е свето нешто за секој граѓанин и тоа никој не може да го загрози, меѓутоа, со одлуките што ќе бидат донесени, а се во функција на заштита на животот и здравјето на граѓаните, секако дека ќе бидат предвидени и ќе има соодветни механизми на котрола и на нивното спроведување.

„Ова е предлог што го дава Комисијата за заразни болести, а јас не учествувам и немам надлежност да разговарам, ова е од аспект на струката, на тоа што тие го процениле од здравствени аспект. Тие предлози треба да дојдат на Влада, да бидат образложени и врз основа на тоа да биде донесена одлуката, а каква одлука ќе се донесе ќе видиме после седницата на Влада“, изјави тој.

Прашан дали смета дека треба да биде дел од Комисијата за заразни болести, Спасовски одговори дека апсолутно нема потреба ниту тој, ниту кој било од македонската полиција да биде дел од оваа Комисија.

„Што е тоа што ние ќе понудиме. Ние треба да ги чуеме аргументите на здравствените власти. Комисијата за заразни болести и здравствените власти треба да ги оставиме да одлучуваме врз основа на наука. Не треба да бидам член затоа што ниту јас, ниту кој било од МВР не можеме да одговориме на прашања поврзани со здравствениот аспект, а предлозите доаѓаат на Влада и имаме можност да ги кажеме нашите аргументи и за тоа да донесеме одлука“, вели Спасовски.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе