Антикорупциска комисија констатира

Непотизам, влијанија и отворање работни места за роднини на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ

Сериозни сомневања за непотизам кај поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ утврди денеска Државната комисија за спречување корупција. Констатирани се  примери на ургенции, влијанија, непотизам и специјално креирање работни места при вработувањата на роднините на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ во јавниот сектор.

На денешната седница членовите на Комисијата разгледаа вкупно десет постапки каде што постојат индиции дека државни функционери ја искористиле својата положба за во државни институции да вработат блиски роднини.

Според антикорупционерите се бирале институции со високи плати, како АЕК, МЕПСО и ЕЛЕМ, а законот бил изигруван така што роднината бил вработуван со одлука на директорот.

Комисијата разгледа два случаи за непотизам кај сегашниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски. Првиот случај се однесува на негова братучетка, Јелица Милошоска вработена во ЈП „Водовод и канализација“ и тој дополнително ќе се испитува.

Во вториот случај Милошоски се сомничи дека влијаел при вработувањето на негов братучед во Централниот регистар. Кога братучедот, Станко Коруноски, бил вработен во Централниот регистар, Милошоски бил на функција министер за надворешни работи.

Антикорупциска го разгледа и случајот со сопругата на Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар во Владата на Никола Груевски. Кога Кристина Божиновска била вработена во АЕК таа се уште не била мажена за Божиновски. Нејзиното вработување се случило во јуни 2009 година, што според Антикорупциска е сомнително затоа што станува збор за период на годишни одмори.

Антикорупциската комисија побарала документација од АЕК за постапката за ова вработување, но не ги добиле потребните документи. Наместо тоа им било одговорено од АЕК дека документите се уништуваат една година по постапката.

Иако има сериозни индиции за непотизам, Комисијата одлучи дека нема надлежност за постапување, бидејќи двете лица повеќе не се државни службеници.

Според членовите на Комисијата, Законот за работни односи и овде е класично искористен како порта да се вработат лица кои можеби не се соодветно квалификувани.

Комисијата ги разгледа и случаите со вработување на двете ќерки на Елена Гошева, поранешна претседателка на Уставен суд. Бојана Гошева била вработена во АЕК, додека Слободанка Гиевска во Т-Мобиле.

Предмет на разгледување беше и вработувањето на таткото на Игор Јанушев, во Централниот регистар. Според документите до кои дошла комисијата, од четворица кандидати кои го положиле испитот за државни службеници, Агенцијата до Централниот регистар доставила податоци за второрангираниот Јанушев и за четврторангираниот. Од доставените документи ДКСК констатира и дека Јанушев немал целосна документација, а има индиции и дека не ги исполнувал условите. Но, ДКСК констатира дека нема надлежност да постапува затоа што случајот е од 2008.

Во АЕК ќе се врши вонреден инспекциски надзор за вработувањето на Сања Димитриевски, поранешен државен секретар во МВР. Таа на нејзино барање била разрешена од оваа позиција, по што го добила работното место во АЕК. Антикорупционерите констатираа дека се креирале посебни услови за Димитриевска да биде вработена.

Претседателката наАнтикорупциска комисија Билјана Ивановска образложи дека биле должни пред јавноста да ги испитаат овие случаи и да докажат дека системот на вработување генерира непотизам, а нивната улога е да предложи законски измени.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе