Влада

Неофицијална листа на новите македонски амбасадори во Хаг, Стразбур, Рим, Тирана, Катар...

Владата денеска на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори на нашата земја во неколку земји. Официјална информација за имињата на новите амбасадори сѐ уште нема. Неофицијално, МКД.мк ги доби дел од имињата на амбасадорите во неколку земји.

Во Белград нов македонски амбасадор ќе биде Васко Грков, во Рим Рами Реџепи, Сашко Тодоровски - Прага, Светлана Гелева - Стразбур, Елизабета Георгиева - Пекинг, Мишо Докмановиќ - Тел Авив, Шпреса Јусуфи - Приштина, Данчо Марковски - Тирана, Милаим Фетаи - Загреб, Шабан Јашари - Катар, Теута Демјаха или Андреј Жерновски за ОН во Женева, Фатон Бејта - Копенхаген, Паскал Стојчевски - Хаг, Дане Талески за НАТО во Брисел.

Сѐ уште не се знаат имињата за амбасадори за Атина, Москва, Њу Делхи, Ватикан, Вашингтон...

Листата ќе биде доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски. Првично на листата биле 21 кандидат, но утврдени се 19, бидејќи за двајца кандидати треба да се завршат дополнителни чекори.

А.Д.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе