Пред Самитот на ЕУ во Загреб

Наместо членство, во Брисел за Западен Балкан се подготвува европска економска зона. Заев ја отфрли идејата

Сите ветуваат дека „историската грешка" со ветото на Франција за Македонија и Албанија ќе биде исправена на Самитот на ЕУ во мај наредната година во Загреб. Но, во Брисел веќе се подготвува нешто сосема друго - Југоисточна европска економска зона, како уште еден услов во процесот. Македонскиот премиер Зоран Заев веќе ја отфрли оваа идеја велејќи дека Македонија не прифаќа алтернативи, пактови, партнерства, или што и да е друго освен полноправно членство во ЕУ.

Овој нов проект дава предност на економската, пред политичката интеграција. Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност, добар познавач на состојбите на Балканот, вели дека создавањето на таков економски регион треба да ги отвори сите можности на внатрешниот пазар на земјите од Западен Балкан додека трае одложувањето на прашањето за членство во ЕУ. 16 години по одлуките во Солун за безрезерва интеграција за Западниот Балкан во ЕУ, во Брисел се подготвува т.н. бафер зона за балканските земји.

За да се надминат фрустрациите од ставот на францускиот претседател Емануел Макрон дека треба да се почека со проширувањето на ЕУ, во Брисел се подготвува идејата за создавање Европска економска зона (ЕЕЗ) наместо членство во ЕУ. Оваа идеја веќе се разработува во влијателните европски тинк-тенк институти.

Оваа идеја подразбира шесте држави на Западен Балкан да имаат пристап до единствениот пазар на ЕУ, како Норвешка и Исланд. ЕУ ќе треба да ги зголеми ресурсите за Западен Балкан најпрво за да се испромовира, а потоа и да се прифати оваа идеја. Ова регионално партнерство не би требало да го исклучи идното пристапување кон ЕУ кога секоја земја посебно ќе биде подготвена за тоа. Конкретно, идејата на Кнаус е дека ЕУ треба да им понуди на сите шест земји од Западниот Балкан влез во заедничкиот пазарна ЕУ, а потоа радикално да ја реформира методологијата за проверка на напредокот.

Ова значи оставање на отворена вратата на ЕУ за балканските земји - Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, ама во една друга чекалница.

Напредокот ќе се оценува врз основа на реформите, а условите и стандардите допрва ќе се дефинираат на Самитото на ЕУ во Загреб во мај 2020 година. Треба да се дефинираат нови патокази со клучни барања во клучни сектори, а напредокот сериозно и редовно ќе се оценува во сите земји, со заеднички тимови на експерти, предводени од Европската комисија заедно со експерти за земјите членки. Овој модел треба да го пондат Хрватска и Германија, двете земји кои во наредниот период ќе претседаваат со Европскиот совет.

Влијанието на Кина и Русија би требало да биде ограничено како што е тоа и сега решено за земјите членки на ЕУ.

Ќе биде задоволен и принципот на реверзибилност, баран од Макрон, преку можноста дури и и за исклучување или суспендирање од процесот за земјите кои ќе ги кршат основните човекови права или ќе им се закануваат на нивните соседи.

Штом напредокот на Балканот во овој аранжман стане видлив, популарноста на пристапувањето може да се зголеми, предвидува Европската иницијатива за стабилност.

Кнаус проценува дека со ставот на Макрон е ставен крај на политиката на „неизбежно проширување“. Но во истовреме, исклучувањето на натамошното проширување по сите ветувања кои ги даде Европскиот совет во изминатите години и децении, ќе биде еднакво лошо.

„Потребен е процес кој нема да биде замена за членството, но ќе биде поинаков; процес кој ќе го одржи влијанието на ЕУ, но во истовреме ќе биде атрактивен и кредибилен за балканската јавност и лидерите; процес кој ветува корист, не во далечна иднина, туку од самиот почеток“, изјви Гералд Кнаус.

Оваа идеја веќе им била презентирана на македонските власти и пред ветото на Макрон. Македонскиот претседател Стево Пендаровски уште пред лидерската средба изјави дека нема да се  прифати ништо друго освен полноправно членство во ЕУ. Тој заклучок беше усвоен и од сите најголеми политички партии кои учествуваа на лидерската средба кај Пендаровски.

„Не прифаќаме алтернативи, пактови, партнерства, или што и да е друго. Ние сме за полноправно членство во ЕУ и ништо помалку од тоа. Ја сакаме ЕУ за европските вредности, со ништо помалку не се согласуваме и ништо помалку не прифаќаме“, изјави вчера премиерот Зоран Заев.

„Во позадината на сите преговори можеа да се слушнат и размислувања за градење на некаков посебен однос на Европската Унија со државите од нашиот регион, различен од патот низ кој што поминаа сите некогашни кандидати за членство. Почитувани, тие дилеми допираат до самата суштина на европската идеја, а, таа е дека сите држави на континентот, со исполнување на критериумите имаат право на полноправно членство во унијата“, изјави по лидерската средба Пендаровски.

А.Д.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе