Во Кривичен суд

Немавме блиндирано возило, па кога се пукаше во Јегуновце, Јанкулоска ја криевме во објект, тврди сведок во „Тенк“

Поранешниот шеф на обезбедувањето на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска како сведок во случајот „Тенк“ пред судот тврдеше дека возилата за кои тој бил одговорен често се расипувале.

Сведокот, кој од 2002 работел во МВР, пред судот рече дека на возилата што се користеле за возење на функционерите, но и на странски делегации, често им откажувале сопирачките, амортизерите. Според тврдењето на сведокот, поправката на расипаните возила траела и со месеци, па се снаоѓале од возилата за превоз на ВИП-личности.

За расипувањето на возилата, поранешниот шеф на обезбедувањето рече дека дури и влегол во конфликт со Јанкулоска, но таа одговорила дека тоа што има во МВР од возила, тоа ќе се користи. За да се реши состојбата со расипувањето на возилата, според изјавата на сведокот, се чекале финансиски средства.

„Во 2011 на средба на Јанкулоска со граѓани во општина Јегуновце имаше судир помеѓу криминална банда и МВР се најдовме во средина на тоа препукување. Морав да реагирам, но бидејќи немавме блиндирано возило, Јанкулоска ја сместивме во еден објект. Наредив што поскоро да се обезбеди блиндирано возило. Ова траеше околу еден час за да можеме да ја сместиме тогашната министерка и да се вратиме во база“, сведочеше поранешниот шеф на обезбедувањето на Јанкулоска.

Сведокот ја затекнал и набавката на новиот мерцедес, кој бил сменет за делегации и ВИП-лица. Кој точно го користел ова возило сведокот не знаеше да каже.

К.Д.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе