Немаме алтернатива, освен иднина во ЕУ, порача Заев од конференцијата на „Економист“ во Атина

За нас не постои друга алтернатива, освен ЕУ иднината, сакаме да ги европеизираме нашите земји, Скопје, Приштина, Белград, Тирана, Подгорица и Сараево, сите ние сакаме дома да ги почувствуваме придобивките, порача премиерот Зоран Заев на конференцијата на „Економист“ во Атина и додаде дека „ние сме како остров опколен од ЕУ земји и потребна е унификација на Унијата“.

Во рамките на 25-та тркалезна маса со грчката Влада што оваа година е на тема „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“, Заев во неговото обраќање ја нагласи важноста на регионалната и економската соработка, особено за време на пандемијата и предностите и придобивките кога земјите работат заедно, ги истакна можностите за инвестиции што ги нуди Македонија, а се задржа и на договорот за интерконекторот за природен гас.

„Тоа е многу голем проект, околу 100 милиони евра. Од нив 54 милиони евра се во Северна Македонија. Тоа е интерконектор за природен гас што отвора огромна можност, не само за Северна Македонија, туку и за Србија, за Косово, за Западен Балкан, што конечно ќе донесе диверзификација на природен гас“, објасни Заев и додаде дека нашата земја „станува енергетски коридор за земјите од Западен Балкан“.

За европската перспектива, објасни дека Северна Македонија 16 и пол години е земја кандидат за членство, Договорот за стабилизација и асоцијација беше потпишан по Словенија и пред Хрватска и истакна дека нема простор за фрустрација, но и нема алтернатива за регионот.

„Од Европската Унија, 12 пати имаме потврда дека 100 отсто ги исполнуваме критериумите што се неопходни за интеграција во ЕУ“, рече Заев и додаде дека за одредени реформи, како што се во судството, сме подобри од некои земји од Унијата.

Според него, Македонија, но и другите земји од регионот ја следат европската агенда, како околу климатските промени, така и зелената енергија и изрази задоволство за инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан во висина од девет милијарди евра.

„Сега се обидуваме да отвориме нови зелени коридори со нашите соседни земји и многу сум среќен бидејќи Грција е првата земја што ги отвори овие зелени линии со нас, како земја членка на Европската Унија, бидејќи ние сме опколени од земји членки на ЕУ. Ние сме како остров во средина. И многу сум благодарен што премиерот Мицотакис го направи првиот чекор да го отвори првиот грчки коридор и да ги охрабри другите земји членки да го следат неговиот пример, примерот на Грција“, рече Заев.

Што се однесува до економското закрепнување, како што кажа, тоа видливо генерално на Западен Балкан и „конечно се враќаме на позитивни стапки на раст“.

„Очекуваме, во првата половина од 2021 година да има раст меѓу 5,5 и 6,5. Што е нешто повеќе и од просекот во земјите од Европската унија и нè охрабрува уште повеќе да привлекуваме инвестиции“, изјави Заев.

Тој се задржа и на инвестициите како во регионот, така и во нашата земја, додавајќи дека „развиваме алатки за привлекување инвестиции“, особено за време на пандемијата и ги претстави условите за инвестиции во Македонија, додавајќи дека само за време на пандемијата имало пет нови инвестиции.

„Сакам да истакнам дека сѐ што се случи во Северна Македонија, на економски план, особени по Договорот од Преспа е многу видливо. Пандемијата нè научи на унапредување на соработката и солидарноста во регионот“, вели тој.

Говорејќи за пандемијата, Заев рече дека се покажало колку е важно земјите да си помагаат, да соработуваат, не само со размена на искуства поврзани со здравствениот систем, туку да има и економска соработка и „како да ги преживееме овие месеци“.

 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе