Немам намера да одам во Бугарија и да зборувам за историја, вели Пендаровски

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечера оцени дека реториката меѓу Македонија и Бугарија во последниот период е смирена за што како причина ја наведе усвоената преговарачка рамка.

На гостувањето во емисијата „Топ тема" на телевизија Телма, Пендаровски рече дека со неговиот бугарски колега Румен Радев сака да разговара за реални европски теми како што се економијата, инфраструктурата.... За историски теми, како што рече, нема намера да патува во Софија.

„Јас и сега тврдам и во наредните години, независно од која позиција ќе бидам, немам намера да одам во Бугарија и да зборувам за историја. Моја стара теза е дека кога зборуваме за европски интеграции, не смее да се концентираме за историјата. За жал, од 2019 година Софија ја претвори таа тема како предуслов за напредување. Мене ми е драго што во преговарачката рамка, историјата се споменува само во делот на билатерален договор и Комисијата на историчари. За историски теми немам намера да го трошам патот и да патувам во Софија и да разговараме со Радев за окупатори или администратори,“ истакна Пендаровски.

Додаде дека нема добиено мандат во 2019 година за да ја враќа државата во 19 век.

„За сè друго немам добиено мандат во 2019 година да ја враќам мојата држава во 19 век или да зборувам за Цар Самоил за 10 или 11 век,“ рече вечерва Пендаровски. 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе