Вицепремиерот во тв-гостување

Нема реконструкција на Владата, бараме уште 6 пратеници за уставни измени, рече Груби

Во моментов имаме 74 пратеници кои ќе гласаат за уставни измени во функција на нашите евроинтеграции, а тие 6 пратеници ќе ги обезбедиме и ќе имаме двотретинско мнозинство за отворање на Уставот, изјави првиот вицепремиер Артан Груби за ТВ 21. Тој даде негативен одговор на прашањето дали ќе има мини-реконструкција на Владата, односно менување на четири министерски позиции, за пто деновиве се пишува во медиумите откако оставка за денеска најави министерот Горан Милевски од ЛДП.

Вицепремиерот во својата канцеларија

Вицепремиерот Артан Груби во емисијата „Клик плус" на ТВ21 изјави дека за уставните измени ќе успеат да ги обезбедат гласовите уште на 6 пратеници од македонската опозиција, кои недостигаат за двотретинско мнозинство. Груби рече дека во моментов 74 пратеници во Собранието се „за" уставните измени.

„Шестмината ќе ги најдеме во проевропскиот дел на опозицијата, каде тој европски дух е во растеж и тоа е очигледно. На кого мислам? На македонската опозиција. Дали мислам на пратеници на ВМРО? Македонската опозиција не е само ВМРО. Мислите дали ќе добиеме гласови и од Левица? Па таму во опозицијата имате и други политички партии во рамките на ВМРО-ДПМНЕ. Ја имате Социјалистичката партија, ја имате српската партија, ја имате ромската партија, имате други партии, има и независни пратеници", рече меѓу другото Груби.

На прашањето дали со оставката на Горан Милевски од министерска функција се отвори патот и за мала реконструкција на Владата, Груби одрекува:

„До овој момент не сум запознаен дека ќе има некаква реконструкција на владата освен оставката на Горан Милевски. Немало разговори во владата за такво нешто. Нема планирани промени, не само во владата туку и на директорските места", изјави Груби.

Легенда под Главна слика

Вицепремиерот во својата канцеларија

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе