Нема протест за „Монструм“ - досегашниот организатор вели лажна вест од МВР

За денеска најавениот протест како израз на револт за осудителните пресуди во предметот „Монструм" не е започнат. Блерим Ахмеди, кој се спомнуваше како организатор на најавените протести, денеска преку Фејсбук ја демантира полицијата и вели дека протест ќе има на 2 април. Самиот тој не се појави во 13.30 часот во паркот во населбата Чаир, како вообичаено место за почеток на протестниот марш. Од МВР велат дека токму Ахмеди го пријавил протестот.

Според Блерим Ахмеди, полицијата соопштила лажна вест со цел да го дезорганизира населението. Тој вели дека протестот ќе се одржи на 2 април и ги повика сите Албанци што е можно помасовно да го поддржат овој протест.

Од денешен протест се огради и Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените во предметот „Монструм" и најави дека ќе протестира на 2 април. Тој вели дека не знае кој најавил протест за денеска.

 

Од МВР за МКД.мк велат дека протестот е и официјално пријавен во Министерството и дека е пријавен токму од Блерим Ахмеди. Дури, нагласуваат од МВР дека телефонски бил контактиран организаторот со цел да му се укаже протестите да бидат мирни, да не се повтори насилството од минатиот пат.

Овој протест беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди и МВР ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот, а соодветно и ја информиравме јавноста, велат од Министерството и ја демантираат неговата објава на Фејсбук.

„Во интерес на вистината, МВР ја известува јавноста дека, како и за секој најавен протест каде е потребно блокирање на сообраќајници и пренасочување на сообраќајот, Министерството ги известува граѓаните за да бидат информирани и да го организираат своето движење".

Вчера Министерството за внатрешни работи соопшти дека за денеска е најавен протест кој ќе започне од паркот во Чаир кон судскиот комплекс и дека ќе бидат преземени стандардни мерки за исклучување на сообраќајот на одредени улици.

По првиот протестен марш. Блерим Ахмеди заработи прекршочна казна од 510 евра поради непочитување на здравствените протоколи за време на протестот.

П.Џ.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе