Од улица се отстранети 38 деца

Нема податоци колку бездомници има во државава

Екипи од социјални работници на Центарот за социјална работа Скопје и од МВР отстраниле 38 деца на улица во главниот град – во Центар, Аеродром и Карпош, соопшти министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која рече дека нема податоци за вкупниот број бездомници зашто оние што се корисници во прифатните центри и во преноќиштата доаѓаат и заминуваат од таму.

МТСП се грижи за сите ранливи категории, вклучително и за бездомните лица. Во Скопје постои објект Чичино Село во кој тие се сместуваат. Постои прифатен центар каде што доаѓаат да ги користат услугите во период од 24 часа, најчесто за дотур на храна. Тука е вклучен и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа-Скопје, ги менаџира состојбите и со лицата коишто се сместени во Визбегово, во поранешниот објект на „Ранка Милановиќ", рече Шахпаска одговарајќи на новинарски прашања во отчетот за 100 дена мандат.

Министерката нагласи дека мобилни екипи од стручни лица – социјални работници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа-Скопје задно со вработени од МТСП на дневно ниво се грижат и ги посетуваат лицата кои се сместени во прифатните центри или ги користат услугите во овие зимски денови.

Фото: Роберт Атанасовски 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе