Јужниот сосед ги продолжи рестрикциите

Нема патување за Грција најмалку до 12 октомври

Македонските државјани и натаму нема да може да патуваат во Грција. Со најновата одлука на Владата во Атина, со цел заштита од ширењето на корона вирусот, забраната за влез на патници од трети земји е продолжена до 12 октомври.

Грција ја продолжи забраната за патување за државјани на трети земји до 12 октомври. Ограничувањата на копнените граници се воведени од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од ширењето на корона вирусот во Грција и се однесува на периодот од 1 до 12 октомври.

Одлуката предвидува привремено ограничување на влез во земјата за сите државјани на трети земји од кое било место на влез и на кој било начин, вклучително и воздушни, поморски, железнички и патни врски, од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од понатамошно ширење на болеста на грчка територија.

Одлуката не се однесува на граѓаните на земјите членки на ЕУ и на Шенгенскиот договор, како и на граѓаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати. Одлуката се применува во периодот од 1 до 12 октомври 2020 година. Министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи ја усвоија одлуката, објавена во Службен весник на Грција.
Инаку, летово во Грција беа потврдени близу 1500 случаи на корона вирусот кај странци кои престојувале во оваа земја.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе