По вчерашниот распит на Јанева

Нема нов притвор и новоосомничени за случајот „Рекет“, кога на распит ќе бидат повикани Орце Камчев и Боки 13?

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по вчерашниот четиричасовен распит пред обвинителката Вилма Русковска изјави дека таа била повикана во својство на сведок и дека за случајот „Рекет" воопшто не се чувствува виновна. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција нема информации дали имаат новоосомничени и дали и кога на распит ќе бидат повикани директните актери на рекетот - Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев.

Пред три дена исказ даде второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески-Кичеец.

Јанева на распитот беше со адвокатот Стефан Павлески, во својство на правен консултант. Инаку, Павлески е адвокат на Цветан Панделевски, еден од осомничените во случајот на СЈО „Империја“.

Јанева вчера рече дека „засега не може и не смее“ да каже дали е нејзиниот глас на објавената видео снимка со Јордан Камчев, дека „не знае“ дали истрагата ќе се прошири и на неа, како и дека „не знае“ дали има инволвирано некој политичар во случајот и дека „има време да се објасни“ зошто предложила спогодба за осомничените за „Империја“ и „Поштенска банка“.

Досега за „Рекет“  во Обвинителството за гонење на организираниот криминал искази во својство на сведоци дадоа тројца обвинители од СЈО Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми и шефицата на кабинетот на Јанева.

На распит беше и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13 и примател на 720.000 евра од директорот на ГП „Пелистер“ Сиљан Мицковски.

Бојан Јовановски и Зоран Милески беа уапсени на 15 јули под сомневање за перење и изнудување пари. Обајцата се веќе 36 дена во притвор.

Интернет изданието на италијанскиот весник „Ла верита“ во 8 август објави видео снимка, а подоцна и снимени разговори во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе