Кратка средба на работните групи

Нема договор за измените во законот за СЈО, главните разлики остануваат

Многу конструктивна средба, а разликите остануваат. Ова е оценката по завршената средба на работните групи на власта и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предложените измени во Законот за јавно обвинителство и интегрирање на Специјалното јавно обвинителство во јавното обвинителство. Нема информација за термин за нова средба.

Членовите на работните групи, пратениците Артан Груби и Антонио Милошоски се согласија со оценката дека средбата била конструктивна. Милошоски сепак додаде дека главните разлики остануваат.

Пред средбата, Милошоски изјави дека Специјалното јавно обвинителство треба да биде дел од државното јавно обвинителство, но да нема повластен статус што ќе привилигира некои обвинители, а ќе деградира други обвинители.  Обвинителствата,  како што се скопското Јавно обвинителство, и другите што се занимаваат со убиства, тежок криминал и други незаконити дејствија во Република Македонија имаат обврска и потреба исто така да добијат и буџетска поддршка и ресурси за нивната работа, изјави Милошоски пред средбата во Министерството за правда.

„Се надеваме дека министерката ќе најде менаџерски способности да ги убеди сите чинители во овој процес  да стигнеме до заеднички компромис што нема да отстапува од позитивните прописи во Република Македонија и од судската пракса во Судот во Стразбур“, изјави Милошоски.

Прашан дали неговата партија останува на ставот СЈО да биде дел од Одделението за организиран криминал, да има државен обвинител на предлог на опозицијата и да престанат истрагите по законскиот рок, Милошоски кажа „ВМРО-ДПМНЕ не инсистира опозицијата да предлага државен јавен обвинител. Тоа беше предлог на премиерот Заев. Доколку смета дека треба да го исполни има мнозинство и нека го исполни. Доколку смета дека и во иднина државниот обвинител треба да го бира власта, нека остане така засекогаш, работите се менуваат за брзо време“.

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе