Синоќешните слики на насилство, со напади врз институциите и органите на редот, јасно покажуваат дека организаторите и поддржувачите на насилните протести продолжуваат да негуваат деструктивни антиевропски цели, служејќи на тој начин на проруските политики за дестабилизација на земјата и регионот, се вели во соопштението на ДУИ и се нагласува дека партијата најостро ги осудува обидите за дестабилизација на државата, поделеноста меѓу граѓаните со цел создавање на нови тензии. ДУИ бара итно од сите политички чинители, граѓаните и целото граѓанско општество да престанат и итно да се осудат насилните антиевропски протести.
„Токму во периодот кога државата го заокружува патот за да ја постигне тридецениската цел, ВМРО ДПМНЕ и Левица треба да седнат и да разговараат за овие добронамерни процеси, а не да организираат насилни протести, да шират лажни вести и да размислуваат црни сценарија за да ги исплашат граѓаните.
После долги години чекање, конечно ја имаме можноста што ја заслуживме да ги започнеме преговорите за членство во Европската Унија и пред нас го имаме предлогот кој е во согласност со Резолуцијата на нашето Собрание и го гарантира идентитетот, јазикот и културата на нашите сограѓани македонци.
Демократската унија за интеграција, заедно со граѓаните, уште еднаш уверува дека нема да дозволи сили со проруско убедување да користат насилство врз институциите и да ја загрозат иднината на државата“, се вели во соопштението и се додава дека за земјава како членка на НАТО друг пат освен европскиот, нема.