Нема бојкот на пописот, тврди Државниот завод за статистика, досега попишани над милион граѓани

До 19 септември, до 20 часот вкупно се попишани 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови, а можноста за самопопишување на лица во странство досега ја искористиле 193.370 лица. Според Државниот завод за статистика (ДЗС), граѓаните масовно се попишуваат, а бројките за наводни одбивања за попишување се измислени, целосно неточни и немаат никаков допир со реалноста.

„Дури и кај изолираните случаи на граѓани кои во прв момент не се попишале, подоцна при последователните контакти ја оствариле својата обврска и дале свој придонес и учество во пописот”, велат од Заводот.

Од ДЗС информираат дека казни не се пишуваат, бидејќи за тоа нема потреба, со оглед дека попишувачите и граѓаните на терен соработуваат одлично, изјавиле оттаму за МИА.

Пописот беше една од темите и на вчерашниот ТВ дуел на претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Заев е убеден дека пописот успешно ќе заврши, а Мицкоски смета дека има проблеми.

Заев порача и да не избрзуваме и изрази благодарност до граѓаните кои учествуваат и верува дека така ќе биде и до самиот крај. Упати комплименти до сите попишувачи, до Државниот завод за статистика и до сите стручни луѓе кои работат внатре, до македонски Телеком, до ИТ експертите од државните институции кои се вклучени да помогнат…

„Системот, како што знаете е сериозно нападнат од хакери. Тоа го знаеме сите. Секако работат повеќе од пет илјади попишувачи и тука истрагата не може да даде конкретен резултат, важно е што се ставаат соодветни блокади и досега пописот продолжува успешно да функционира”, изјави Заев.

Тој потсети дека во просек дневно има околу сто илјади попишани, а надмината е бројка на милион попишани граѓани.

„Во просек имаме околу сто илјади попишани. Ја надминавме бројката од милион и 37 илјади граѓани кои се попишани, тоа можам да констатирам дека е успешен. Фокусот мора да остане пред се на стручните луѓе, на ИТ техничарите кои се позадинска поддршка на попишувачите кои што одат од куќа на куќа, од дом на дом, но и се морална стабилност и на граѓаните, оти ако системот паѓа и навистина не можете да го завршите попишувањето, се создаваат нервози, непријатни ситуации или слично”, рече Заев.

Според Мицкоски, апликацијата континуирано изминатите 15 дена паѓаше. 

„Пописот има многу проблеми и тоа Заев го знае. Апликацијата континуирано изминатите 15 дена паѓаше и попишувачите на терен не можеа да ја користат 24 часа. Тоа е факт”, изјави Мицкоски.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги признае резултатите од пописот, Мицкоски не одговори конкретно.

„Како можеме да признеме нешто што не сме виделе? Допрва има период кога ќе се вкрстува тоа со базите на податоци. За една година од сега ќе излезат тие податоци. Но, првата контрола ќе бидат локалните избори и фингер принт терминалите”, истакна опозицискиот лидер.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава официјално почна на 5 септември и ќе трае до 30 септември. 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе