Собранието пасивизирано и на нови искушенија

Нема абер кога ќе се гласа за онлајн седници преку измени во Деловникот

Во моментот најмалку петмина пратеници се отсустни од работата на Собранието на Македонија поради позитивни тестови на коронаврусот или се во изолација, поради што владејачкото мнозинство, без опозицијата која е против, не може да обезбеди мнозинство од 61 глас за да помине предлогот на спикерот Џафери за измени во Деловникот, кои ќе овозможат онлајн учество на седниците и работните тела во законодавниот дом. Во тек се разговори на Џафери со пратеничките групи.

Претседателот на Собранието Талат Џафери и денеска не го стави на дневен ред на пленарна седница предлогот за измени на Делоникот со што ќе се овозможи, во условите на пандемија, пратениците кои се заболени од ковид-19 или се во изолација да можат да учествуваат онлајн во работата на парламентот. Собранието се соочува со неефикасност во својата работа, голем број закони чекаат на доекипирање на пратеничките клупи за да може по нив да се гласа.

Владејачкото мнозинство не може да ги обезбеди потребните 61 глас за менување на Деловникот, бидејќи има пратеници кои коронавирусот ги оддалечи од Законодавниот дом. Големо искушение ќе биде седницата за Буџетот за идната година, доколку не се овозможи пратениците да можат и од дома,преку компјутер, да учествуваат во дебатата и да гласаат.

Џафери најави дека одделно ќе разговара со пратеничките групи со цел да ја добие нивната поддршка за измените во Деловникот кои тој завчера самоиницијативно, ги поднесе.

Наспроти коалицијата на СДСМ како и на ДУИ, е парламентарната опозиција. ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива досега беа против ваквиот предлог оценувајќи дека се коси со Уставот.

Пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива е против да се воведе можност за онлајн работа на Собранието. Како што велат денеска, преку вакви дополнувања на Деловникот СДСМ и ДУИ се обидуваат да ја надоместат својата немоќ на седниците да го остваруваат своето кревко мнозинство.

Предлогот за дополнување на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, предвидува „Доколку присуството на пратеник на седница на Собранието преставува ризик за здравјето на останатите пратеници, пратеникот е должен за тоа веднаш да го извести претседателот на Собранието и да го извести дека на седницата ќе учествува и одлучува од далечина. Пратеникот истовремено електронски му доставува на претседателот документ од надлежен орган со кој потврдува дека не може лично да присуствува на седница на Собранието".

При чинот на гласање на седниците, пак, пратениците кои ќе работат од дома, ќе одлучуваат преку видео врска откако претседателот на Собранието ќе ги повика да кажат како гласаат - за, воздржано или против.

П.Џ.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе