Собрание

Неколкумина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ вчера побараа Заев и Мицкоски да се договорат

Во текот на вчерашната собраниска седница, неколкумина опозициски пратеници ги повикаа лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски да седнат, да разговараат и да најдат решение за Договорот од Преспа и за уставните измени за да се најде излез од кризата. Се работи главно за пратеници кои досега не се изјасниле јавно каков е нивниот став во однос на уставните измени.

Елизабета Канческа-Милевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, поранешна министерка за култура и обвинета во случајот „Тендери“ на СЈО, вчера во Собранието ги повика Заев и Мицкоски да седнат на заедничка маса за да го најдат потребниот консензус и одржливо решение кое може да се најде преку неколку суштински измени на Договорот од Преспа.
„Лидерите  на политичките партии треба да го истуркаат овој процес и да помогнат. Голема е нивната одговорност за Македонија да не биде изолирана. Требаше искрено да се пристапи кон решавање на ова големо прашање. Мора да си ги признаеме меѓусебно грешките инаку нема да одиме напред кон иднината“, рече Канческа-Милевска.
На нејзината собраниска дискусија вчера реагираше нејзината претходничка на министерската позиција, Ганка Цветанова, која јавно ја повика Канческа-Милевска да каже дали е „за“ или „против“ уставните измени.
И пратеничката Весна Димковска-Илиевска дискутираше во таа насока. Таа рече дека водството на партиите мора да најде начин како да се издигне над своите фрустрации и лични видувања за да може пратениците да ги реализираат потребите за кои се избрани.
Крсто Јовановски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Зоран Заев да не ги притиска пратениците да го притиснат копчето „за“ предлогот за пристапување кон измени на Уставот, туку да седнe со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и да најдат решение.
Договорот од Преспа е штетен, но нема идеален договор, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев. Тој беше еден од ретките пратеници на опозицијата кој излезе на гласањето за референдумот.
„Договорот ги отвора вратите за брз влез во НАТО и можно влегување во ЕУ, тоа треба да го знаат граѓаните. Волјата на народот беше јасна, референдумот беше неуспешен, тоа го потврди и Државната изборна комисија. Затоа како пратеник немам ниту волја, ниту можност да гласам за измените на Уставот“, рече Данев.
 

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе