Одземен ѝ е мобилниот телефон

Неколку часа претресуван домот на Катица Јанева

Попладнево полицијата неколку часа го претресувала домот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која денеска поднесе оставка од функцијата, дознаваме неофицијално од извори во гевгелиската полиција.

Мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева е одземен по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврди Обвинителството.

Мобилниот на Јанева е одземен заради собирање повеќе информации за истрагата што Обвинителството ја отвори денеска против Бојан Јовановски (Боки 13) и Горан Милевски (Зоки Кичеец), првоосомничен и второосомничен за изнудување пари, јави МИА.

Од Обвинителството, исто така, потврдија и дека е извршен претрес во канцеларијата на Јовановски во 1ТВ, чиј сопственик е тој. Јовановски и Милевски се спроведени во Кривичниот суд на распит пред истражен судија, кој треба да одлучи дали ќе им биде одреден притвор како што денеска побара Обвинителството.

По собрани вербални и материјални докази, Обвинителството денеска отвори истрага во која двајцата осомничени ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе