Скопје-Атина

Некои нови налепници за Македонците во Грција (ФОТО)

Деновиве на неколку македонски возила во некои туристички места во северна Грција беа залепени налепници до следнава содржина: „Ти не си Македонец, ти си Словен, Македонија е грчка“. По оние официјални налепници кои грчките цариници сѐ уште ги лепат (не на сите возила, со многу помала фрекфенција од порано, и со многу послаб лепак) на возилата на македонските туристи кои одат на одмор во Грција, ова се некои нови „обележувања“ кои некои Грци посакуваат да ги истакнат. Очигледно е дека и покрај сѐ што се случува на политичката сцена во однос на македонско-грчките односи, ваквите работи уште долго време ќе бидат дел од нашиот „фолклор“.  

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе