Претседателски избори 2019

Неизвесен втор круг, Пендаровски со предност од само 0,61% пред Сиљановска

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на државата на СДСМ и коалицијата, по првиот круг од претседателските избори освои 323.846 гласа или 42,85 отсто од бројот на излезените гласачи. Гордана Сиљановска-Давкова, кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, освои 319.240 гласа (42,24%). Ова го покажуваат податоците на Државната изборна комисија по обработени 99,96 отсто од гласовите.

Во вториот круг на претседателските избори на 5 мај одат кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска-Давкова.

Блерим Река, кандидатот на Алијансата за Албанците и Беса, освои 79.915 гласа (10,57%). Неважечки ливчиња има 32.825 (4,34%). Излезноста во првиот круг е 41,82 отсто од вкупниот број гласачи.

Пендаровски доцна синоќа изјави дека е задоволен од резултатот во првиот круг, а дека во вториот круг е уверен во поголема поддршка.

„Ова се добри резултати имајќи предвид што ѝ се случи на земјава изминативе две година. Пред само две години имавме државен удар кога бевме нападнати во Собранието. Оттогаш ние успеавме да го решиме спорот со Грција, за кој никој не веруваше, и да го затвориме Рамковниот договор. Очекувам гласови од оние што денес гласаа за Блерим Река оти ние нудиме концепт едно општество за сите, а мојот противкандидат Сиљановска само за Македонците“, кажа Пендаровски.

И Сиљановска е уверена во победата во вториот круг заедно со опозициските гласови на Река.

„Приказната на СДСМ е готова. На оваа земја ѝ треба нов профил на политичар и нова политичка култура. Со нашиот број гласови и на господинот Река, на ред е една друга приказна. Нашите тези се на линија на консолидација и на линија на веќе излитената парола 'нема правда, нема мир', зашто правда нема во Македонија“, рече Сиљановска и додаде дека е неопходно власта да почне да размислува за предвремени парламентарни избори.

За да биде успешен вториот круг, на 5 мај потребно е да излезат 40% од избирачите или 723.252 гласачи.

Објавено

Понеделник, Април 22, 2019 - 07:23

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе