Реакција

Нефи Усеини: Oпштината нeмаше ништо против 11 години да плаќам за закуп, а сега сака да урива

Веќе подолг временски период сум сведок на постојан медиумски притисок поврзан со моето работење и работењето на моите компании, вели во отвореното обраќање до јавноста советникот во оптшина Охрид од ДУИ, Нефи Усеини, кој има ресторан кај Чинарот, од кој летната тераса изминатиот период се посочува како дивоградба.

„Прво сакам да ви кажам дека компанијата 'Нефи ИК' во чиј склоп е и ресторанот Луна е компанија која постои повеќе од 10 години и вработува повеќе од 200 вработени. Компанијата уредно ги плаќа обврските и давачките кон Северна Македонија.

Компанија, која е социјално одговорна и помага на многу загрозени семејства, но и компанија која го поттикнува спортот и екологијата. Затоа и ме чуди целата оваа хајка кон мене, започната од одредени медиуми, а продолжена од политичките партии, за локација за која што уредно имам поднесена и заверена документација во градот Охрид и за која што навремено ги подмирувам обврските кон градот, за закуп на летна тераса и сум закупец веќе 11 години“, вели Усеини во реакцијата.

Реновирањето на летната тераса на ресторанот Луна, нагласува тој, беше со изработен елаборат кој што се држеше до квадратурата, за која што се плаќа закупнина и која што никако, според него, не го нарушила зеленилото или естетскиот изглед на плоштадот Крушевска Република и е во согласност со градот Охрид.

„Сметам дека е крајно некоректно да се користи името на мојот ресторан како дел од проблемите на градот Охрид со УНЕСКО и ја поттикнувам иницијативата на премиерот Заев, дека законот мора да важи за сите. Затоа и апелирам до медиумите да ја задржиме презумцијата на невиност сѐ додека градот Охрид не одговори за дадениов случај. Крајно е некоректно да се спроведува ваква хајка против компанија која долги години работи за подобрување на условите за живот во Охрид, за унапредувањето на бизнисот и на туризмот во овој крај, а јас како советник секогаш сум се залагал и сум ги застапувал интересите за подобар живот на сите мои сограѓани. Уште еднаш ви се извинувам ако сум навредил некој медиум или не сум бил секогаш достапен, но сепак во светот на бизнисот, не секогаш го имаме луксузот на време и комоција на достапност“, вели советникот во писмото испратено до медиумите.

Тој ги повика новинарите да ја посетат пицеријата каде ќе одговори на сите прашања.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе