Државен совет за превенција на детско престапништво

Недозволиво е вклучување на деца во политичката кампања

Вклучувањето на деца (лица до 18 години) во какви било активности поврзани со тековната политичка кампања е недозволиво и не е во најдобар интерес на детето согласно Конвенцијата за права за децата, истакнува Државниот совет за превенција на детско престапништво.

Од Советот велат дека грижата за децата треба да се остварува преку обезбедување законски и институционални услови за нивен правилен раст, развој и воспитание, грижа за отстранување на изворите на ризици.

„Сé останато претставува нивна злоупотреба и повредување на правата на децата. Државниот совет потсетува дека Изборниот законик (чл. 183) предвидува глоба од 8.000 евра за радиодифузерот и 30 проценти од одмерената глоба за одговорното лице на радиодифузерот доколку биде објавено изборно пропагандно известување со учество на деца“, додаваат од Советот.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе