Во грчкиот парламент

Неа демократиа побара гласање недоверба на владата

Одлуката, како што и се најавуваше, за гласање недоверба на грчката влада, од собраниската говорница ја соопшти Кирјакос Мицотакис за време на расправата за  новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022 година.

Лидерот на Неа демократиа рече дека тоа е негова обврска кон грчкиот народ и го предизвика Ципрас, предлогот за гласање недоверба да го претвори во предлог за гласање доверба за да се види дали постојат 154 пратеници кои што се подготвени да кажат „да за потпишувањето в недела во Преспа“, јави дописничката на МИА од Атина.

„Имам обврска кон грчкиот народ, да се обидам да го спречам ставањето под хипотека на иднината на нашата татковина со договор што им штети на националните интереси. Под денешните околности, бидејќи владата не поседува ни народно овластување ни политички легитимитет да продолжи со нејзиниот неодговорен тек, парламентарната група на Неа демократиа, согласно со членовите 84 од Уставот и 142 од Правилникот за работа на парламентот, веднаш по завршувањето на денешната расправа, доставува предлог за гласање недоверба на владата“, објави Мицотакис.

Според информациите од Атина, расправата за недоверба на владата ќе започне денес, во 18 часот по локално време.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе