„НЕ Зоран Заев, ЛГБТИ заедницата нема да ти прости!”, напиша Пировска од Хелсиншки комитет

Лавина реакции се појавија на социјалните мрежи веднаш по објавувањето на изјавата на премиерот Зоран Заев, кој, говорејќи за случајот „Рекет” рече дека нема да дозволи некој да го инволвира него, ниту пак, „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, нека ми извини ЛГБТИ заедницата, педер“ да ја срушат Владата.

Уранија Пировска, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, на својот фејсбук-профил напиша дека „сѐ што се правело досега било тешка демагогија“.

„Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било сѐ што се збореше и правеше претходно! НЕ, Зоран Заев, ЛГБТИ-заедницата нема да ти прости!“, напиша Пировска.

И програмската координаторка на Хелсиншкиот комитет, Билјана Гинова, напиша: „Нема да дозволам хомофоб да ни ја води (доуништи) државата, нека ми извинат политичарите“.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе