„Не“ за ЕУ по цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, порача Заев

Премиерот Зоран Заев уште е оптимист дека ќе се најде решение на спорот со Бугарија но вели дека Европската Унија не ни треба по цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

„По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба ЕУ, затоа што ќе бидеме прашина изгубена низ ветрот и кој тогаш ќе влезе во ЕУ? Тоа сме го кажале и досега. Така ги постигнавме и големите договори, штитејќи ја нашата национална посебност – македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Зашто тоа е право на самоопределување, тоа е чувство и не постои договор којшто го договара начинот како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. А тоа е и европска вредност“, изјави денеска Заев.

Коментирајќи ги пораките од ЕУ и САД, тој вели дека тие ни се пријатели и стратешки партнери кои се тука да разработат креативи и идеи, да споделат со нас искуство и слично, но, „одлуката е наша и ние ја носиме“.

Сепак, се надева дека може да се најде решение со привремената бугарска влада којашто ќе ја постави претседателот Румен радев, со оглед дека се извесно оти Бугарија повторно ќе оди на парламентарни избори.

„Очекуваме, секако, да бидат одговорни политичари со кои ќе можеме да седнеме и да изнаоѓаме решение. Проблемот е ирационален и мора да најдеме решение. Интерес и на Бугарија е Северна Македонија да биде членка на ЕУ и да се интегрира во меѓународните организации како што е и ЕУ. Тоа е во интерес и на бугарскиот народ, не само на македонскиот. И од тој аспект верувам дека ќе го изнајдеме решението“, изјави тој.

До решение со Бугарија смета дека треба да се дојде на европски начин на размислување и драго му е што и Бугарија „признава и кажува дека тие немаат проблем со реалноста за македонскиот јазик и за македонскиот народ”.

„Но велат: ‘Ајде да ги утврдиме корените‘. Ќе ги најдеме и корените ако бидеме паметни на европски начин. Затоа што сите ние сме почитувачи на нашето минато, но сме обврзани да ја креираме нашата иднина. Колку што е можно подобро. Регионот ни е мал и мали ни се земјите и колку повеќе се сплотиме, толку повеќе благодат ќе почувствува народот. И двете страни, македонската и бугарската, прифатија дека имаме и споделуваме заедничка историја, како што целиот Балкан со векови наназад, а и цела Европа имаат заедничка историја“, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Ресен.

Според него, треба да се најде европски начин на изнаоѓање решение, а Комисијата за историско-образовни прашања треба да ги лоцира историските периоди, историските личности коишто заедно ќе ги славиме, кои ќе бидат можност да не зближат, да соработуваме уште повеќе, а притоа да не го уништиме достоинството на која било од двете страни.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе