Не станува збор за никакво бришење на историјата, никој не чепка во историјата, уверува Заев

Никој не чепка во историјата, не станува збор за никакво бришење на историјата. Историјата вели Бугарија тогаш, монархиско-фашистичката влада донела одлука да стапи во пакт со фашистичките земји. Република Македонија во тоа време, македонскиот народ и сите граѓани кои живееле донеле одлука да се приклучат на антифашистичката борба и тука нема дилема, објаснуваше денеска премиерот Зоран Заев.

„Јас, моите деца и моите родители сме учеле како и сите во нашата земја дека Втората светска војна е настаната под организација на нацистичка Германија, на која се приклучила нацистичка Италија, Јапонија а потоа и други земји. Точно е дека на Третиот рајх тогаш се приклучила и тоганацистичка Бугарија и тука не треба да има дилема, историјата е јасна.

Сите ние си го знаеме нашето минато, ги знаеме и горчините и предавствата што се случувале за времето на фашизмот, со соработката со окупаторот во тоа време и германски, италијански и бугарски, што бил овде на територијата на Северна Македонија. Но, дали ќе стиснеме заби и ќе бидеме европејци без притоа нешто да изгубиме од нашата историја и да менуваме, туку ќе одиме со европскиот начин на комуникација и соработка и ќе дадеме шанса на идните генерации, без да обвинуваме цели генерации на наследници каде било, зависи од сите нас”, рече Заев, прашан од новинарите дали нашата држава не треба да плати преголема цена за постигнување договор со Бугарија.

Тој додаде дека секоја дебата е отворена и нема причина во моментот да се води, бидејќи ништо не се случува и нема исчекор.

„Очекувам да се случува се после нашите избори и бугарските избори што се на 14 ноември и евентуален втор круг во Бугарија 21 ноември. Тогаш ќе седнат и ќе се решаваат работите. Но, во името на вистината кога се поставуваат прашањата, должност е да кажеме наши ставови и размислувања, народот да знае, добро да ги изнанализира, да ги сфати. Сакам сите да знаат дека институциите се тие што ги носат одлуките, на крајот граѓаните се тие што ги носат конечните одлуки”, порача Заев.

Повтори дека градењето пријателство треба да оди билатерално, сите следни чекори што ќе ги преземаме ќе бидат со давањето поддршка од страна на Бугарија кон Македонија за нашиот европски пат.

„Очекуваме зелено светло во Бугарија, се надевам час поскоро, најскоро во декември за да може да го направиме следниот получекор – првата меѓувладина конференција”, рече Заев, додавајќи дека потоа следува скрининг процесот, па отворањето на кластерите.

Современа Европа, како што кажа, ги прифатила темите, зборовите и формулациите што значат европски манири, давање шанса за иднината, на соработката, притоа не заборавајќи ја историјата и тоа што се случило. Во такви околности, вели, никој не бара, ниту некој ќе чепне што се случувало историски во тој период.

Одговарајќи на новинарско прашање Заев го повтори ставот дека со блкирањето на пристапните преговори, е прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, кој вели дека Република Бугарија ќе ја поддржи Република Северна Македонија во нејзините процеси за интеграција во НАТО и во ЕУ.

„И е прекршен, таа ни направи блокада и тоа е така. Сега можеме да живееме ние со блокадата уште 27 години, како што беше со Грција. Тоа зависи како ќе одлучиме сите ние, или како што ни кажува нашиот народ, барем по истражувањата и тоа што стои, мудри политики водејќи грижа за целокупното достоинство на македонскиот народ, почитувајќи ја историјата, изнаоѓајќи ги европските начини како да  продолжи нашата земја да се движи кон европското семејство заради европските вредности”, рече Заев.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе