ПЛЕНУМЦИТЕ НЕ СЕ ОПИЕНИ ОД ПОБЕДАТА

„Не славиме - седнавме да разговараме“

Не отидовме да славиме, седнавме да зборуваме што и како понатаму!, порача Студентскиот пленум преку својата интернет-страница.

Откако попладнево Владата го прифати барањето на Студентскиот пленум да се подготви сосема нов Закон за високо образование, пленумците порачаа дека не заминале да слават, туку да ги утврдат наредните чекори. На својата фејсбук-страница тие напишаа:

„Нема сила што ќе го сопре гласот на студентите!!!

Ја добивме битката, но не и војната. Дури сега ќе почне да се пишува новиот закон, а во меѓувреме не ги забораваме ниту останатите проблеми во образованието како лошите студентски домови, привилегираноста на одредени личности,непотребните давачки како ИКСА, корумпираните студентски парламенти...

Студентскиот пленум не застанува тука“!

(Фото: ФБ Студентски пленум)

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе