Пред француската амбасада во Софија

„Не на лицемерието, Да на Македонија”, бугарски граѓани протестираа против одлуката на Макрон

Десетици интелектуалци, видни личности и граѓани се собраа вечерва пред амбасадата на Франција во Софија за да го изразат своето несогласување со одлуката на претседателот Емануел Макрон да го блокира почетокот на пристапните преговори за Скопје и Тирана на последниот Соет на ЕУ. 

Како што јавува БГНЕС, учесниците скандирале „Бугарија и Македонија под едно небо”, „Не на лицемерието, Да на Македонија”.

„Ние сме сведоци на повторното раѓање на француско-српскиот сојуз кој во теко на последните години беше занемарен и чија цел е да ја блокира европската иднина на Македонија”, изјавил за агенцијата експертот за балкански прашања и публицист, Иван Николов.  

Друг учесник на собирот повикал на „бескомпромисна поддршка за чевропското членство на РС Македонија, зашто во спротивно поддршката од надворешни националисти ќе го дестабилизира целиот регион”. 

Учесниците на собирот го повикаа Макрон да ја преиспита одлуката и да биде на висината на големите француски државници како Де Гол и Жак Ширак и да не ја става под ризик стабилноста и безбедноста на Балканот во ваков сложен историски момент. Тие, исто така, нагласиле дека „ова е првиот протест во Европа за членство на една држава во ЕУ”. 

Во писмо до Макрон организаторите на собирот го повикуваат францускиот претседател да не дозволува „Република Северна Македонија да биде втурната во политички хаос”. 

Претставник на француската амбасада го примил писмото од граѓаните кои протестираа и со кое се повикува Мкрон да ја смени одлуката и да не јастава под ризик иднината и на Балканот и на ЕУ.

 

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе