Ја сфати ли Владата трагичната иронија со прославата на „Балистите“

Не је нивно они да му го чина чарето

„Владата ги осудува сите видови на навреди врз која било основа и кон кого било кои немаат никаква врска со спортот и ја осудува реториката што не е соодветна за спортско навивање. Северна Македонија е демократска држава во која секој има право да го каже своето мислење, но притоа е недозволиво тоа да биде манифестирано со поттикнување омраза". Вака Владата одговори за МКД.мк на прашањето дали ќе реагира во однос на навивачката група „Балисти" кои во неделата прославија јубилеј со навредливи и вулгарни етнички скандирања спрема Македонците („каурите").

Домот на културата „Иљо Антески-Смок“

МКД.мк вчера во форма на колумна објави реакција на тетовец кој на Фејсбук напиша дека наместо македонските портали да пренесуваат како навивачката група „Балисти" со пиротехника „го запалила Тетово", требаше да се осврнат на фактот дека 30-годишниот јубилеј го прославиле во Домот на културата „Иљо Антески – Смок" во Тетово, национална установа која го носи името на Aнтески - Смок, партизан и антифашист.

Се чини дека и Владата по теркот на одделни портали не ја сфати суштината на прашањето, а таа е дека не се за осуда само начинот на изразување, „несоодветно спортско навивање", како што ќе речат од „Илинденска", туку и самата прослава и тоа на „балисти" во установа која носи име токму на тетовски херој, партизан, антифашист и комунист.

Тетовецот потсетува дека станува збор за истакнат револуционер кој се борел против фашизмот, оттаму и против балистите како соработници и слуги на фашистите во Втората светска војна, а кои напаравиле воени злосторства. Па така, за сите читатели кои подзаборавиле факти од историјата, токму Иљо Антески – Смок бил заробен и мачен од балистите, однесен во Тирана каде во 1943 година бил обесен. А имал само 24 години.

„Еве ни умрен не почива у мир. Дојде време навијачка група именуена по колаборационисти на Хитлер и Мусолини, да прае некаква прослава у објект именуен по него. Каква иронија", напиша во својата реакција тетовецот на мајчин македонски јазик со тетовски дијалект. И уште ќе додаде:

„Веруем дека сигурно ќе има мои сограѓани - Албанци кои ќе се сложа со вистината дека не смее да се повампируаа нацизмот и фашизмот. Останатите, драги пријатели - Албанци, на кои ви смеќава ова што го пишуем, извините ме ако со постов ви ги скокоткам вашите кревки национални чувства. Али, ова нема врска со вашата националност. Има врска со одобруењето и приклонуењето према историските губитници у Втората светска војна - Хитлер и Мусолини и нивните пајташи! Притоа, никој не ме праша мене ка Македонец, и моите сограѓани - Македонци дали нас нѐ скокоткаа некои ваши поступке. Ќутковци смо мие свекако. Али јбг, некој мораше да го напише и ова".

И, како што и тетовецот забележува во своето обраќање и тоа и ќе го напише, така и МКД.мк ја потпраша Владата: „Како може да се одрази сега постоењето на оваа регистрирана навивачка група со новиот Закон за здруженија и фондации во кои е забранета регистрацијата на организации со фашистичка позадина, а балистите беа токму тоа, соработници на фашистите за време на Втората светска војна во Македонија"?

„Ве информираме дека согласно новиот Закон за здруженија и фондации, за имињата на здруженија и фондации одлучува Комисија составена од претставници на релевантни институции. Постапката за формирање на ова тело е во процедура", ни напишаа од Владата.

На ваков одговор и навивачите во дресот на регистрираното здружение „Балисти" би реагирале за ставот на Владата со фудбалски речник, како и многумина тетовци: „Топката не је у нивни двор“ и би допрецизирале: „Не је нивно они да му го чина чарето". 

Како понекогаш надлежностите да постојат за тие да се префрлаат како топката од двор во двор. Но и кога една политичка извршна власт не е надлежна за некое прашање, никој „не ја смеќава" да си го изрази слободно својот став. Нека е и политички за ова конкретно прашање. Впрочем, така и вели Владата погоре во одговорот на првото наше прашање: „Северна Македонија е демократска држава во која секој има право да го каже своето мислење".

Македонија била на вистинската страна на историјата. Така треба и денеска да биде. А за тоа како и некогаш, така и денес, потребна е само решителност и чист образ.

П,Џ.

Легенда под Главна слика

Домот на културата „Иљо Антески-Смок“

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе