Не е само ЕУ, има и други иницијативи, рече Апасиев, а СДСМ реагира дека тоа се туѓи иницијативи

Се случуваат геополитички тектонски поместувања, ЕУ не е единствената алтернатива, има многу иницијативи, само затворен ум не ги гледа. Ум што е ЕУ - фундаменталистички и платен од Сорос тоа не може да го види, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик лидерот на Левица Димитар Апасиев. Тој вели дека заедно со народот „од надвор“, во Собранието „ќе биде спречено предавство“. Од СДСМ реагираат дека „Апасиев ја откри вистинската намера и цел на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - Левица, а тоа е да не бидеме членки ЕУ за други или поточно туѓи алтернативи“.

Во врска со тоа како во Собранието ќе се расправа и одлучува по однос на францускиот предлог, Апасиев вели: „Мислам дека во Собранието ќе биде многу тензично. Моите информации говорат дека ќе се обидат да прескокнат комисиска расправа и да се оди директно на пленарна седница. Тоа не е деловнички, тоа е шверцување. Тогаш ќе има тригер за поголемо собирање кај Собранието. Ние од внатре, народот од надвор, мислам дека ќе спречиме предавство, кое е повеќекратно поголемо од преспанското предавство“.

СДСМ вечерва реагира преку соопштение во кој контекст повеќе се зборува за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, отколку за Апасиев:

„Тоа што го мисли Мицкоски гласно го зборува Апасиев. Со оваа изјава на коалицискиот партнер на Мицкоски се потврдува сомнежот дека воопшто не станува збор за протести кои се против европскиот предлог, туку за целосна промена на стратешкиот курс на земјата и напуштање на евроинтеграцијата.  Очигледно ова е вистинската скриена агенда на Мицкоски, директно насочена против ЕУ. Мицкоски мора јавно да излезе веднаш и да соопшти кои се неговите вистински цели и која алтернатива има ја нуди на граѓаните? Дали тој се залага за Евроазиска унија како неговиот коалициски партнер со кој ги организраат протестите? Апасиев е докажан и признат проруски политичар, но очигледно е дека и Мицкоски всушност ја води истата и силно ја поддржува таа политика. Целта на крвавото сценарио што не успеа очигледно беше составен дел од тоа“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе